Мислам дека, како Здружение на возачи, заинтересирани за безбедноста и редот во сообраќајот во нашата општина, имаме и право а и должност да посочиме и укажеме на состојбата со условите за одвивање на нормален сообраќај.
Како истурени офанзивци, Извршниот Одбор на Здружението на возачи, на седница, со барање на еден од членовите донесе Одлука за јавно укажување на согледаните пропусти во одвивање на сообраќајот. Конкретно задолжение за Застапникот, јавно да ги постави увидените пропусти кои директно влијаат на безбедноста и нормалното одвивање на сообраќајот.
- ударни дупки на улиците
- исклучени семафори (само еден има)
- никаква контрола на паркирање по улицата 11-ти октомври и Јосиф Јосифовски,
- Нерегистрирани трактори во сообраќај,
- без идејност кон воспоставување на кружен тек на сообраќај во центарот на градот со големи придобивки за зголемување на бројот на паркирни места и безбеден сообраќај,
- зголемено и нерегулирано учество во сообраќај на мотори со поголема моќност, без употреба на опрема(заштитни кациги , нараквици и.т.н), голем број без регистерски таблички,
- пречките за намалување на брзината, т.н. лежечки полицајци, ставени на места каде брзината на движење мора да биде мала, се во разочарувачка состојба а еден дел ги нема.
- пешачките премини ги нема од коловозните површини,
- нема никаква хоризонтална сигнализација,
- вертикалната, голем број од знаците се во неисправена, налегната состојба.
Сето ова како и уште многу други работи кои директно влијаат на безбедното и нормално одвивање на сообраќајот низ градските улици бара координираност на задолжените локални и државни институции и брзо решавање на дел од проблемите поради летната сезона која скоро доаѓа а со тоа и интензивирање на сообраќајот. Здружението на возачи-Ресен, како и секогаш, стои на располагање во решавањето на проблемите, согласно своите можности и програмски определби.