Почитувани возачи од општина Ресен, почитувани возачи во Република Македонија!
Се соочуваме со временски неприлики,со вообичаена но, проблематична снежна покривка, ниски температури и се што е вообичаено за зима.
Колку сме ние спремни за вакви услови,е, тоа е сосема друго прашање. Но, ние сме во основа квалитетни возачи и бргу се прилагодуваме. А за таа цел, за што побезболно да ги поминеме ваквите услови на одвивање на сообраќајот, го препорачуваме следното:
- Не тргнувајте на пат, ако не морате!
- Ако веќе морате, тогаш:
- носете зимска опрема, ланци лопата....
- наполнете го резервоарот со гориво,
- проверете ги течностите во моторот (масло,глицерин, средтство за ладење.... )
- проверете ја напумпаноста на пневматиците,
- проверете ги светлосно-сигналните уреди,
- носете нешто вода и храна во возилото
Ние Ви стоиме на располагање за проверка на сето останато а важно во Вашето возило
Ви посакуваме СРЕЌЕН ПАТ !