ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО

Планирате да тргнете на долгоочекуваниот годишен одмор вие и вашето семејство, со автомобил...За секој семеен човек овие планови се малку макотрпни. Здружени на возачи - Ресен е тука да Ви помогне. 
 

Ве преплавуваат милион прашања: дали ги зедов сите неопходни работи за децата, дали ќе тргнеме на време, дали ќе заспијат за време на патот, дали ќе плачат, што ако се разболат, да не им дува...Го проверувате списокот на потребни работи, прешкртувате сé што сте напишале и здивнувате. Уморни, но конечно подготвени, мислејќи на синото пространство со неодолив мирис, наречено море...

Можеби куферите и пасошите ви се подготвени, мислите дека конечно можете да го започнете патувањето, но, дали ги извадивте сите документи кои ви се потребни кога патувате со автомобил во странство?

Кога патувате надвор од границите на нашата земја со моторно возило потребни ви се следните документи:

-       Меѓународна возачка дозвола

-       Одобрение за управување туѓо моторно возило

-       Зелен картон

-       Патничко осигурување

  1. 1.    Меѓународна возачка дозвола

Согласно Конвенцијата за сообраќај на патиштата од 8 ноември 1968 година, меѓународната возачка дозвола важи на територијата на сите земји потписнички на Конвенцијата. Оваа возачка дозвола важи 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола прекинува важноста и на меѓународната возачка дозвола. Потребни документи за меѓународна возачка дозвола се:

-        2 фотографии (45мм x 35 мм) 

-       Важечка национална возачка дозвола

 

Дури и ако патувате само до Грција, задолжително понесете меѓународна возачка дозвола, бидејќи овогодинешното искуство на нашите клиенти покажува дека најверојатно ќе ви ја побараат. А кога тоа ќе се случи, најдобро е веќе да ја имате со себе.

  1. 2.    Одобрение за управување туѓо моторно возило

Одобрението за управување туѓо моторно возило кое ја преминува границата на Р. Македонија се издава како доказ дека возачот на возилото е легално овластен да го управува возилото надвор од границите на земјата. Ова одобрение се издава според единствениот унифициран и стандарден образец на AIT – Меѓународната туристичка алијанса и FIA- Меѓународната автомобилска федерација. Потребни документи:

-       Сообраќајна дозвола од возилото

-        Лично присуство на сопственикот со документ за идентификација (лична карта или пасош) 

-       Лично присуство на корисникот на возилото со пасош

 

Одобрението за управување туѓо моторно возило е со важност од 1 година.

 

  1. 3.    Зелен картон

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји – членки наведени во полисата. Важност на зелениот картон е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност до најмалку еден месец. 

-       За патничко возило до 66 KW цената на зелениот картон изнесува 3.690,00 денари.

-       За возила над 66 KW цената на зелениот картон изнесува 5.536,00 денари

  1. 4.    Патничко осигурување

Вашето здравје и безбедност треба секогаш да бидат на врвот на листата кога планирате патување.

Патничкото осигурување е осигурување на лица за време на патување и престој во странство кое покрива:

-          неопходна медицинска помош и болнички третман, како и трошоци за превоз поради непредвидени болести, кои започнале или настанале за време на престој во странство

-          надомест поради доцнење или губење на багаж кој осигуреникот го носел со себе за време на патувањето

-          осигурување од незгода и спортска незгода

-          надомест во случај на загуба на патни документи.

Патничкото осигурување почнува да важи во 00.00 часот на денот наведен во полисата како ден на почеток на осигурувањето, а престанува да важи во 24.00 часот согласно бројот на осигурани денови наведени во полисата (пр.7 дена, 10 денови итн.) 
 

Видови патничко осигурување:

-       Индивидуално (патничко осигурување на патник-поединец)

-       Семејно (патничко осигурување на повеќе осигуреници со иста адреса на живееење наведена во пасошите)

-       Групно (патничко осигурување за група туристи, спортисти...кои патуваат заедно)

Видови полиси:

-       полиса која покрива едно патување

-       полиса која покрива повеќе патувања.
 

Патувајте безгрижно!
Здружение на возачи - Ресен. 

 

http://www.ringeraja.mk/statija/potrebni-dokumenti-za-patuvanje-vo-stranstvo_3034.html -